ХИВ тест

дијагностицирање, лабораториски анализи, инвазивни испитувања и др.

Мислења: 4
Зачленет: 06 Дек 2011, 21:32
Мислење: 08 Дек 2011, 23:21
dr.pressure напишал:Во тој случај најверојатно бил ELISA тест. Сигурно бил некој од тестовите за откривање антитела... Но, сигурно те известиле за резултатот инаку нема смисла тестирањето...


да негативен беше, се јавив и ми го кажаа преку телефнон, ми рекоа дека може и така за да не дооаѓам пак . Инаку дали ке може да ми кажете за каков тест станува збор? Western blot HIV test метода: IHТ
Кориснички аватар
Мислења: 127
Зачленет: 28 Авг 2011, 15:40
Мислење: 09 Дек 2011, 02:41
Епа убаво тогаш... Инаку како што погоре еднаш кажав Western blot (како и ELISA) е тест кој во крвта ги пронаоѓа евентуалните антитела кои би настанале како одговор на HIV вирусот... Бидејќи некогаш треба подолго време организмот да создаде антитела, овој тест може да дава лажни негативни резултати во првите месеци од инфекцијата (некогаш и до првите 6 месеци...) Затоа се изведува по најмалку 6 месеци од ризичниот однос...

Мислења: 1
Зачленет: 11 Дек 2011, 15:11
Мислење: 11 Дек 2011, 15:16
Здраво
Сакам да Ве прашам нешто во врска со темава.. дали може пренесување на хив при депилација со топол восок, значи зборам за тоа дека на некои жени при депилација им потекува крв, најверојатно крвта може да остане и на восокот, тој восок после се претопува но повторно се нанесува на друга жена на која што може исто така да и потече крв :roll: дали постои можност? или вирусот изумира ? бидејќи температурата не е баш голема да кажеме е некои 30 степени може ни толку нема, и периодот е мнок краток неколку минути само :roll:

Мислења: 123
Зачленет: 09 Сеп 2011, 12:59
Мислење: 11 Дек 2011, 16:08
Bojana напишал:Здраво
Сакам да Ве прашам нешто во врска со темава.. дали може пренесување на хив при депилација со топол восок, значи зборам за тоа дека на некои жени при депилација им потекува крв, најверојатно крвта може да остане и на восокот, тој восок после се претопува но повторно се нанесува на друга жена на која што може исто така да и потече крв :roll: дали постои можност? или вирусот изумира ? бидејќи температурата не е баш голема да кажеме е некои 30 степени може ни толку нема, и периодот е мнок краток неколку минути само :roll:


Здраво Бојана,
начинот на инфицирање со ХИВ на кој ти го опиша е малку веројатен. Тоа е така затоа што вирусот надвор од телото преживува многу кратко (неколку минути), а е уште поосетлив на температурни разлики и присуство на кислород (кој нормално го има во воздухот).
Јас искрено се надевам дека козметичките салони одговорно и професионално ги изведуваат таквите манипулации, бидејќи во никој случај не смее да се дозволи контакт на крв од еден клиент со крв од друг клиент на било кој начин, со што можноста за пренос на некои други инфекции би била сведена на минимум.
Филип Конески,
Д-р по стоматологија

Мислења: 97
Зачленет: 06 Сеп 2011, 16:13
Мислење: 18 Дек 2011, 04:09
Bojana напишал:Здраво
Сакам да Ве прашам нешто во врска со темава.. дали може пренесување на хив при депилација со топол восок, значи зборам за тоа дека на некои жени при депилација им потекува крв, најверојатно крвта може да остане и на восокот, тој восок после се претопува но повторно се нанесува на друга жена на која што може исто така да и потече крв :roll: дали постои можност? или вирусот изумира ? бидејќи температурата не е баш голема да кажеме е некои 30 степени може ни толку нема, и периодот е мнок краток неколку минути само :roll:

Тие количини на крв кои протекуваат за време на депилациите се премногу мали, плус тоа се мешаат со восокот, и шансите да пренесат вирус, се астрономски, теоретски можеби е можно, но практично ова неможе да се случи...

Мислења: 1
Зачленет: 27 Авг 2012, 13:44
Мислење: 27 Авг 2012, 13:51
pocituvan doktore, imav rizicen seksualen odnos so partnerka cij sttaus mi tvrdese deka e negative, ali sepak somnezite postojat, posle rizicniot odnos jas napraviv dva testa, eden posle 1 mesec a drugiot posle 9.5 nedeli t.e 66 dena, i dvata testa mi bea negativni, kolku se sansite posle 9 nedeli statusot od negativen da se pretvori vo pozitive, inaku i davata testa bea od ovie rapiden test sto gi pravat na teren

Мислења: 1
Зачленет: 12 Сеп 2012, 01:48
Мислење: 12 Сеп 2012, 01:53
Ме интересира за колку време може да се дознае дали си инфициран или не со вирусот ако си боцнат со игла, зборев со еден доктор кој ги прави овие тестови ми кажа дека ако е од убод со игла во вена или мускул може да се дознае во рок од 48 часа толку му треба на вирусот да се развие и да покаже на тестот , колку е ова точно? Поздрав

Мислења: 1
Зачленет: 08 Ное 2012, 13:36
Мислење: 08 Ное 2012, 14:09
Zdravo,

Imam edno prasanje. Imav rizicen odnos pred okolu godina i pol, nemam nikakvi simptomi megjutoa od togas se pazam, i so site naredni partnerki imam odnos isklucivo so kondom. Periodov vleguvam vo seriozna vrska i sega ili podocna ke imam nezastiten odnos. Sakam da prasam dali treba da napravam sida test i kade, ili ne treba da se grizam, posto ne sum imal nikakvi simptomi od samiot odnos do denes. Dali e mozno da sum zabolen bez simptomite koi ukazuvaat na HIV.

Blagodaram

Мислења: 2
Зачленет: 02 Мај 2014, 23:46
Мислење: 02 Мај 2014, 23:51
Кога имав 17 год имав секс со двајца другари, прв секс и јас, а и они без кондом. Дали постои можност да сум фатил сида. Не користи шприцеви никој од нас, а 100 % сум убеден дека прв секс ни беше на сите тројца ?

Мислења: 1
Зачленет: 21 Авг 2014, 15:55
Мислење: 21 Авг 2014, 16:15
Ме интересира дали има PCR тестови за ХИВ во некоја од приватните или државните лаборатории во Македонија?

Благодарам.
Претходно


Врати се на Тестови и испитувања

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 0 гости