Вагинален исцедок (темен, зголемен и др.)

водечки здравствени ризици и здравјето на градите, ПМС и менопауза, бременост и сексуално здравје, и многу повеќе

Мислења: 6
Зачленет: 14 Сеп 2011, 00:07
Мислење: 14 Сеп 2011, 00:13
здраво, би сакала да прашам за еден мој проблем.... по 2 недели откако ми заврши менструацијата, имав сексуални односи, утредента приметив на тоалетната хартија темен исцедок, исто како последната ден од менструација, дури и во мокраќата имав како партали кафени, и еве тоа се повторува веќе 4 дена...не ме боли ништо ниту ме чеша, ниту пак имам некакви проблеми....ме интересира што би можело да е тоа? Ви благодарам, однапред
поздрав!
Кориснички аватар
Мислења: 127
Зачленет: 28 Авг 2011, 15:40
Мислење: 14 Сеп 2011, 00:44
По ова што го пишуваш - личи на предвремена менструација. Менструалниот циклус не секогаш е редовен и секогаш не доаѓа по 28 дена. Исто мое прашање е дали земаш орални контрацептиви? Некогаш земањето на овие таблети е поврзано со вакви настани... Јас мислам дека нема место за паника ниту некоја загриженост, но доколку темниот исцедок трае уште некој ден можеби треба да одиш на гинеколошки преглед...

Мислења: 6
Зачленет: 14 Сеп 2011, 00:07
Мислење: 14 Сеп 2011, 01:00
не земам никаква орална контрацепција, а месечниот циклус ми е секогаш редовен, имам 21 година, и во моето досегашно искуство ми нема задоцнето ниту подрането повеке од 3 дена!
Ви Благодарам на одговорот!
Кориснички аватар
Мислења: 127
Зачленет: 28 Авг 2011, 15:40
Мислење: 14 Сеп 2011, 01:29
Вака како што кажуваш, се уште ми личи на предвремен менструален циклус. Од време на време тој може да се јави и кај комплетно здрави девојки (дури и лично познавам некои). Доколку е изолиран случај нема место за никаква загриженост. Доколку нерегуларните циклуси се повторуваат во период од 3-4 месеци, тогаш прво треба да се бара медицинска причина.

Најчесто настануваат поради промени во диетата (дебелеење или слабеење) и некои стресни ситуации. Доколку ова се исклучи потребно е да се посети гинеколог.

Нема потреба за загриженост, а мој совет е:

Доколку исцедокот заврши по 2-3 дена и не се појави пак, а менструацијата си продолжи редовно - биди спокојна.

Доколку исцедокот перзистира и по 10-тина дена, јави се на гинеколошки преглед. Исто јави се на преглед и доколку се повторуваат вакви циклуси во период од 3-4 месеци.

Поздрав! ;)

П.с.Сите овие совети без подробно испитување и преглед се само - совети. Јас сепак од ваква позиција не можам ништо да тврдам со 100% сигурност.

Мислења: 6
Зачленет: 14 Сеп 2011, 00:07
Мислење: 14 Сеп 2011, 01:31
Ви Благодарам многу!!! Поздрав

Мислења: 3
Зачленет: 19 Окт 2011, 19:53
Мислење: 24 Окт 2011, 03:40
Se soglasuvam so Dr. Pressure. Samo bi dodala deka bi trebalo da napravis PAP ( ako si 21 ili postara). Temen iscedok e najverovatno stara krv, a, ako si krvarela posle seksualen odnos, bi ti preporacala da napravis PAP.
Isto taka ne bi bilo loso da napravis test za Klamidija i gonorea.
Pozdrav.

Мислења: 3
Зачленет: 10 Дек 2011, 19:51
Мислење: 10 Дек 2011, 20:03
Vo posledno vreme imam zgolemen vaginalen iscedok,menstruacija mi pomina pred 1 nedela no denes zabelezav malo krvarenje, inaku imam mnogu redoven ciklus 27-28 dena.Koi bi mozele da bidat pricinite?Me interesira mislenje od strucno lice
Кориснички аватар
Мислења: 127
Зачленет: 28 Авг 2011, 15:40
Мислење: 11 Дек 2011, 20:08
Ме интересира дали крварењето било пропратено со некои други симптоми, како на пр.: болка, непријатен мирис итн... Инаку, не знам колку години имаш, ама ако си помлада - знај дека во младоста не се ретки нередовните циклуси (како и предвремените...) и скоро секоја девојка го искусила тоа...

Мислења: 3
Зачленет: 10 Дек 2011, 19:51
Мислење: 11 Дек 2011, 20:59
20 god sum inaku stomacni bolki imam povremeno i pecenje pri mokrenjeto a krvarenjeto se pojavi samo ednas i mnogu malce
Кориснички аватар
Мислења: 127
Зачленет: 28 Авг 2011, 15:40
Мислење: 12 Дек 2011, 18:16
Печењето при мокрење и болките можат да бидат знак за уринарна инфекција (пр.цистит - воспаление на мочниот меур...). Уште и ако урината ти е заматена... Предлог мој е да направиш лабораториски иследувања на урината кои би ја дообјаснале твојата состојба, а потоа да земаш соодветна терапија (доколку е уринарна инфекција - антибиотици).
Next


Врати се на Женско здравје

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 2 гости