Болка во градите и отежнато дишење

Што е нормално, а што не? Препознајте ја и справете се со стигмата на менталната болест

Мислења: 1
Зачленет: 02 Дек 2012, 13:43
Мислење: 02 Дек 2012, 13:49
veke nekolku dena imam cudna bolka vo predelot na gradite i na momenti disenjeto mi e oteznato kako da me stegna neshto , pocesto imam i glavobolka cuvstvuvam zamor . Pred dva dena ispitav krvna slika i ekg se mi bese dobro , kolku shto mi kaza doktorka na sportska medicina . ama mene me plasi bolkata vo gradite nikako da mi pomine nekolku dena i neznam shto da napravam , Vi blagodaram odnapred :)

Мислења: 25
Зачленет: 03 Дек 2012, 06:10
Мислење: 03 Дек 2012, 06:18
Pocituvana,dokolku vekje ste bile na pregled i se vospostavilo deka se e vo red so vaseto fizicko zdravje,togas ima golema sansa taa bolka vo gradite da vi e od psihicka priroda.Mozebi vo posledniot period ste bile izlozeni na nekoj stres,vidliv za vas,svesno pocuvstvuvam,no mozebi i nesvesno ste bile pod stres.Razmislete dali e toa navistina taka.Obidete se da go najdete korenot /pricinata za vasata momentalna polozba,stom se najde pricinata,kje se najde i resenieto za eliminacija na istoto.Vo megjuvreme,pocesto odete na prosetka,neka ve obzemaaat pozitivni misli,i pravete go seto ona sto licno vas ve relaksira.Ubav den,Elena

Мислења: 2
Зачленет: 05 Дек 2012, 16:16
Мислење: 07 Дек 2012, 19:50
zdravo jas imam problem so oteznato disenje od mala imam hronicen bronhitis sega imam 23 god i ne sum imala problemi so bolesta mozebi veke 5 god samo osekam zamor mnogu brgu se zamoruvam koga pesacam i pocnuva da me stega nesto vo gradite i edvaj disam na moment pomisluvam deka ke ostanam bez vozduh i mi sviri nesto vo gradite a pak da trcam ne ni pomisluvam jas edvaj istrcuvam 100m ..imam slusnato deka ako veke imas bronhitis golemi se sansite zada dobies astma i toa me zagrizuva dali e toa znak :?:

Мислења: 68
Зачленет: 16 Јан 2012, 00:27
Мислење: 08 Дек 2012, 14:19
Со оглед на тоа дека сте имате историја на хроничен бронхит мора да се имаат во предвид неколку работи кои може да бидат причина за ваквите манифестации.Она што се случува кај хроничниот бронхит е прекумерената продукција на слуз во респираторниот систем односно во дишните патишта што всушност му попречува на воздухот да минува низ бронхиите и тоа е манифестација на таканаречената опструкција особено при физичка активност.Вообичаено хроничниот бронхит се манифестира со упорна и продуктивна кашлица со искашлок и тоа во траење од 3 месеци во текот на две последователни години.Но лошата страна на заболувањето е што еволуира во таканаречената хронична обструктивна белодробна болест која претставува последица на бронхитот.ХОББ има такви карактеристики каде што пациентите не можат да обавуваат голема физичка активност при која чувствуваат замор и се јавува чувството на недостаток на воздух.ХОББ би се потенцирал и комплицирал доколку пушите цигари па мој совет би било доколку пушите под итно да престанете бидејќи цигарите сериозноја нарушуваат белодробната функција кај ваквите пациенти.Но на таа возраст многу е рано да зборуваме за ХОББ иако тоа е нормалниот тек на хроничниот бронхит.Исто така при хроничните инфекции на белодробието она кое што најмногу страда е всушност десната преткомора и десната комора на срцето и често пати тоа може да води до замор и до појава на отоци како и ограничена физичка активност.Бронхитот и астмата се две различни заболувања, астмата има алергиска основа, а честите инфекции може само да ја потенцираат но во основа не мора да значи дека доколку сте имел бронхит дека ќе имате и астма.Во секој случај она што морате да го направите е рентген слика на белодробието за да се види состојбата на белите дробови и исто така од својот матичен лекар да побарате упат за кај интернист со тоа што бибило добро да направите комплетен интернистички преглед заедно со ЕХО на срце за да се види и состојбата на срцето.Доколку вашите тегоби продолжат да се јавуваат најверојатно ќе треба да примате терапија на некој бронходилататор или пак инхалаторно Салбутамол.Свирежот во градите е најверојатно поради обструкцијата и не би требало да се работи за астма.Се разбира мора да се направи и спирометрија за да може лекарот да го процени степеннот на обструкцијата и врз основа на тоа да се даде соодветна терапија.Се надевам дека мојот совет ќе ви биде од помош и дека ќе ги направите погоре набројаните анализи за да може да добиеме комплетна слика за Вашата состојба.

Мислења: 1
Зачленет: 17 Мај 2013, 22:17
Мислење: 17 Мај 2013, 22:33
Zdravo, imam 21 godina, kako mal imav bronhealna astma i bev alergicen na dermatofagoides, ovaa kukjna prasina sto e, ama se izleciv i nemav problem dobri 6 godini moze, sega od ovaa godina pocnav da nemozam da spijam navecer, da se budam so oteznato disenjeto i da imam blago svirenje vo gradite, znaci toa se slucuva samo navecer preku den mozam da imam i fizicka aktivnost, sportuvam nemam gajle, ama koga kje legnam da spijam obavezno se budam sred nokj so tesko disenje i svirenje vo gradite, molam za vase mislenje sto moze da e...

Мислења: 25
Зачленет: 03 Дек 2012, 06:10
Мислење: 18 Мај 2013, 08:10
Почитуван ,
Проверете повторно како стоите физички со белите дробови и дишењето ,доколку не станува збор за физички причинители тогаш може веќе да се зборува што од психичките фактори делува на вас на некој начин вознемирувачки .
Пријатен ден ,
Дипл. психолог
Ангеловска Елена

Мислења: 2
Зачленет: 03 Јун 2013, 19:35
Мислење: 03 Јун 2013, 19:43
Здраво
сакам да прашам во врска со ова, значи кога и да помислам почнувам тешко да дишам, т.е. сакам длабоко да вдишвам на секоја 2ра минута ,а то е невозможно , и секогаш ме фаќат паники и така дишам тешко, исто и кој ќе пешачам сам тешко почнувам да дишам тешко, неубо чуство имам .... 1 година ми е вака,пиев и бедоксин и се ама џабе е само малце ме опушта... иначе кој ќе полагам пример на факултет не ми е вака,или кој ќе сум замислен во нешто или кој ќе имам стварно некој проблем,исто и за време на секс не ми се случува ова... и на спиење сум немал никакви проблеми дишам нормално,ама еве вака немам никакви поголеми проблеми и мислам на овие работи и така ми се случва,исто имам и многу страв од болести.. .значи како да си помогнам самиот себеси?? неќам цел живот да имам вакви напади???

Мислења: 25
Зачленет: 03 Дек 2012, 06:10
Мислење: 04 Јун 2013, 16:16
Почитуван,вака генерално како што можам да забележам станува збор за благи панични напади кои би морале да се решат со психотерапија за да не земат поголем замав понатаму. Тоа ви е мојот совет ,останатите варијации само ќе ги ублажат симптомите на краток временски период, но не и долгорочно .Секое добро,
Диплома. психолог,
Ангеловска Еленаѕ

Мислења: 2
Зачленет: 03 Јун 2013, 19:35
Мислење: 04 Јун 2013, 19:43
elena.angelovska напишал:Почитуван,вака генерално како што можам да забележам станува збор за благи панични напади кои би морале да се решат со психотерапија за да не земат поголем замав понатаму. Тоа ви е мојот совет ,останатите варијации само ќе ги ублажат симптомите на краток временски период, но не и долгорочно .Секое добро,
Диплома. психолог,
Ангеловска Еленаѕ


Пред се фала за одговорот, каква е таа психотерапија, каде да одам, ваша препорака? :)

Мислења: 25
Зачленет: 03 Дек 2012, 06:10
Мислење: 05 Јун 2013, 10:18
Психотерапијата подразбира еден вид пренасочување на мислите од деструктивни во конструктивни. Во зависност од начинот на кој се применува, како и од вашата желба за напредок зависи и нејзиното времетраење. Јас лично сум застапник и применувам чиста психотерапија без додатни медикаменти.
Секое добро,
Дипл. психолог
Ангеловска Елена
Next


Врати се на Ментално и емоционално здравје

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 1 гостин

cron