Чешање на стапало кај дијабетичари


Мислења: 8
Зачленет: 22 Фев 2013, 13:18
Мислење: 03 Сеп 2013, 11:12
Baba mi e 74 godini i ima dijabetis so koj sto prima insulin veke podolgo vreme. Se slucuvalo i porano da ima cesanje po stapalata pa si pomisliv deka toa e eden od simptomite za dobivanje na gangrena ili sum greska ? Moze li da mi kazete od sto e mozno toa cesanje duri i ranicki i se pravat ... Blagodaram odnapred.
Кориснички аватар
Мислења: 127
Зачленет: 28 Авг 2011, 15:40
Мислење: 03 Сеп 2013, 17:45
Дијабетичарите имаат послаба циркулација на крвта во екстремитетите (поради оштетувања на крвните садови), како и оштетувања на нервите. Сето тоа води до една состојба наречена „Дијабетично стопало“. Симптомите што ги опишуваш одговараат на тоа. Доколку тоа прогредира - може да бида опасно, до степен на некроза, па неретки се ампутации кај лица со нерегулиран дијабет. Затоа предлагам бабата почесто да го мери шеќерот и ако треба да ја промени терапијата (на пр.да ги зголеми дозите на инсулинот). Сето ова - во консултација со лекар од Центар за дијабет.

Мислења: 8
Зачленет: 22 Фев 2013, 13:18
Мислење: 10 Окт 2013, 20:24
Bese na lekar baba mi i kazaa da otide da se proveri na higienski da vidi da ne ima nekoja bakterija i i najdoa helycobacter pylori i dadoa antibiotici gi zema kako sto i kazaa no ne pominuva cesanjeto na nozete. Od sto moze da bide drugo toa cesanje na noze i ako e od dijabetisot sto go ima kako moze da se spreci toa ?
Кориснички аватар
Мислења: 198
Зачленет: 20 Фев 2013, 18:05
Локација: Тетово
Мислење: 16 Окт 2013, 16:47
Здраво ,
Кај долгогодишни дијабетичари , или пак неколку годишни дијабетичари без регулирана исхрана , доаѓа до различна симптоатологија со различни компликации. Една од тие компликации е точно зголемената подложност кон инфекции кај овие лица , главно зголемена подложност кон инфекции на кожата , белодрробни инфекции и инфекции на уринарниот тракт. Од друга страна меѓу овие компликации на дибатетот , било дали е Тип 1 или Тип 2 , се развива и оштетување на периферните нерви , кое може да биде поради васкуларните нарушувања било да се макро или микроваскуларни , каде што од една страна може да настанае атеросклеротична промена на периферните крвни садови ( на нозете , на кожата ) каде што поради ткивната исхемија доаѓа до развој на хипооксични промени со создавање на кето тела кои преку васкуларниот цид доспеваат до периферниот нерв (било да е моторен , или пак сензитивен ) и доведуваат до локални кетоацидотични промени кои заради киселата средина доведуваат до оштетување на нервот , или пак поради хијалината склероза на васкуларниот сад каде што има задебелување на базалната мембрана - која иако е повеќе задебелена сепак има поголема пропусливост за плазматски протеини како и за гликоза , но поради недостатокот на кислород доведува до анаеробна разградба на гликозата во периферното ткиво (периферниот нерв во случајов) кое повторно води до оштетување на нервот , или пак од друг аспект може да настане гликолизација на нервот со губење на неговата функција.
Сума сумарум , од оштетувањето на периферните нерви , при само мало чешање пациентите бидејќи имаат намалена сензитивна инервација помалку чувствуваат па едноставно "се чешаат без осет" кое води до формирање на ранички , кои овие рани уште повеќе ги чешаат , а од горенаведеното - овие лица имаат зголемена чувствителност кон инфекции (особено на кожата) доаѓа до инфекција на создадените рани кое е причината за развој на - Дијабетично стапало / дијабетични улцерации.
Се најдобро
Др.Живорад Коцевски


Врати се на Разно

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 2 гости