Избелување на забите

Како до совршена насмевка? Протези, импалнти, белење на заби и др.
Кориснички аватар
Мислења: 29
Зачленет: 25 Авг 2011, 00:07
Мислење: 28 Авг 2011, 02:04
Дали некој има искуство со оваа процедура? Сакам да одам на избелување, па би бил благодарен за секој совет.
Кориснички аватар
Мислења: 41
Зачленет: 03 Сеп 2011, 20:40
Мислење: 03 Сеп 2011, 21:16
Здраво Sleepless. Како доктор кој имал искуство со оваа процедура, би ти кажал дека слободно можеш да одиш да ги избелиш забите( доколку не си задоволен од нивната природна боја, се разбира), и секако доколку самите заби не се оштетени ( експониран дентин, напукнат заб...) или не се под коронки(навлаки). Самата процедура можи да се врши во ординација (под надзор на доктор) или во домашни услови. Доколку се врши правилно и стручно, белењето е сигурно, брзо и ефикасно естетско решение. После самата процедура, неколку дена нема да смееш да конзумираш силно обоени напитоци или храна, како кафе, црно вино, обоени сокови, цвекло, и т.н...
Се надевам дека ти помогнав со мојот одговор. Доколку имаш и други прашања, слободно пиши.
Секое добро,
Петар

Мислења: 4
Зачленет: 07 Сеп 2011, 17:18
Мислење: 07 Сеп 2011, 17:25
A da prasam, dali ova mislenje e generalno za site nacini na belenje zabi?
Kolku sto znam toa moze da se izvrsi so nekoi pasti, so ultrazvuk...

Jas imam slusnato deka ovaa procedura ja ostetuvalo glekjta?

Ako ima, ste bile li svedoci na kontra indikacii po belenje?!

Pozdrav
Кориснички аватар
Мислења: 29
Зачленет: 25 Авг 2011, 00:07
Мислење: 07 Сеп 2011, 17:55
Ви благодарам за одговорот д-р Вршковски. Секогаш е добро да се слушне од прва рака, од д-р кој има искуство со оваа процедура. Сеуште не сум се одлучил 100% за излебување, но не ја отфрлам можноста есенва да ве посетам во ординацијата и да се косултирам/изберам некоја од опциите за избелување...

Би сакал уште да ве прашам колку долго трае процедурата? Дали има разлика во времетраењето доколку се прави во домашни услови во однос на процедурата која се изведува под Ваш надзор?
Кориснички аватар
Мислења: 41
Зачленет: 03 Сеп 2011, 20:40
Мислење: 07 Сеп 2011, 20:05
За прашањето на scientist - Да, за сите начини на белење важи истото: доколку се изведува правилно, кај соодветни пациенти( со точни индикации) - белењето е сосема безбедна метода, со никакви несакани дејства. Единствено што може, но НЕ МОРА, да се јави е мала осетливост на забите на ладно/топло во првите неколку дена, меѓутоа и тоа е се поретко. .А што се однесува до начините на белење, тоа се изведува во ординација со гелови,или во домашни услови исто така со гелови или пасти.Тоа што е со ултразвук не е избелување на забите,туку чистење на забен камен што на некој начин сепак е избелување но од наслагите и каменецот на забите, но не е класично белеење на заби. За оштетување на глеѓта, јас сметам дека тоа не е точно бидејќи активната супстанца т.е. кислородните честички од водород пероксидот или карбамид пероксидот, реагираат само со пигментациите во глеѓта, а премачкувањето после процедурата со флуор ја зајакнува самата глеѓ.

Што се однесува до прашањето на Sleepless- процедурата во ординација трае 30-40 мин. а додека постапката во домашни услови може да трае од 5- 10 дена, во зависност од тоа колкав е процентот на активната супстанца во гелот и колку време во денот треба да се носи штитникот за заби( 20 мин, 1 час, цела ноќ..)

Се надевам ви помогнав со одговорите, доколку имате и други прашања, слободно пишете.
Петар
Кориснички аватар
Мислења: 29
Зачленет: 25 Авг 2011, 00:07
Мислење: 14 Окт 2011, 21:50
Секако дека ми помогнавте, секогаш е добро да се слушне од прва рака, особено од доктор кој е стручен и спремен во секое време да објасни. Ви благодарам ;)

Мислења: 2
Зачленет: 09 Апр 2012, 16:01
Мислење: 09 Апр 2012, 16:05
Каде можам да најдам гелови за избелување на забите за домашна употреба? кој гел е најдобар?
Кориснички аватар
Мислења: 41
Зачленет: 03 Сеп 2011, 20:40
Мислење: 10 Апр 2012, 00:46
Здраво, MBlazhevska. Гелови за белеење во домашни услови можете да најдете скоро во секоја ординација каде што се врши третман за белење, ординациски. Консултирајте го вашиот стоматолог, тој ќе ви одреди колку часа да го носите(во зависност од процентот на крбамид/хидроген пероксид), ќе направи фолија во кој ќе ставате од гелот.Скоро сите гелови се добри, така да кој ќе ви го предложи стоматологот, останува на него.
Поздрав,
Петар


Врати се на Естетска стоматологија

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 2 гости