Атипична пневмонија

опции, предизвици, поддршка

Мислења: 1
Зачленет: 04 Дек 2013, 02:09
Мислење: 04 Дек 2013, 03:08
Zdravo,
pred 3 meseci pocnav da cuvstvuvam nekoja vozbudenost vo predelot na gradite , cuvstvo kako srceto da mi bie vo predelot na gradniot kos.Otidov na internist i mi kaza deka srceto mi e super i deka nisto ne mi e.Vednas po ovoj pregled zaminav za Tajland kade bev 1 mesec.Posle 5 dena otkako stignav tamu pocnav da dobivam panicni napadi so gubenje zdiv i otidov na lekar koj mi rece deka mi e viroza i mi dade antibiotici da pijam.Koga se vrativ doma posle eden mesec po prvata nedela cuvstvuvam zamor i poteskotii pri disenjeto i kaslica i otidov kaj maticnata i mi rece deka tesko disam oti sum pusac i deka imam viroza i mi dade antibiotik da pijam.otkako go ispiv antibiotikot edna vecer mnogu me bolea gradite ja ispitav krvta i se bese vo normala.drugiot den povtorno me bolea gradite i jas resiv da odam da ja snimam plukata na rengen.Tamu mi konstatiraa pneumonija!Pocnav da pijam povtorno antibiotici a vo megu vreme pravev EKG(odlicno)Krvna slika(sedimentacija kacena mn malku)spirometrija(83%)gasni(se dobro)pulmo slajd(negativen)sputum(najdeni leukociti)bris nos,grlo(negativni)iskaslok za tuberkoloza(negativen a se ceka drugiot rezultat).Poradi bolkata vo gradite i taa vozbudenost vo gradite mi rekoa da odam na pulmo a na pulmo mi rekoa deka ova ne e pneumonija klasicna tuku atipicna i deka treba da odam na infektivno.Pocnamv dnevna bolnica so zemanje lindacin venozno.Nemoznosta da disam dobro ,umorot,treperenjeto na gradniot kos i maloto gusenje vo grloto ostanaa i site doktori mi rekoa deka sum preplasena i da pocnam da zemam diazepam i deka od tamu mi se tie treperenja i vozbuda vo gradniot kos.eve sea zemam oralni antibiotici i se nadevaat doktorite deka so ova ke zavrsime no jas povtorno ne se cuvstvuvam dobroa i mnogu malku isfrlam shlaem apiev za iskasluvanje sirup..Pospana sum,nedovorno psihicki svesna,umorna,nenaspana,poteskotii pri disenje(disam dlaboko ama nemi e dovolno kislorod) SE CUDAM:Kako e vozmozno da imam pneumonia a celo vreme krvta mi bese super,nemam temperatura i ja otkriv sosema slucajno koga otidov da ja snimam kicmaata (imam diskus hernija) samo gusenje i bolki vo grbot i voznemirenost.Neznam koja mi je dijagnozata i za sto me lecat i zasto ne pominuva! 15 dena sum na antibiotici i eden den sum OK a potoa imam treska(mi studi)omalaksana sum i bolki vo plukata i nedovolno vozduh.Neli treba da pominuva????. KOJA E MOJATA DIJAGNOZA i KAKVA E OVAAAA PNEUMOIJA(AKO NE E TOGAS STO E)I OVIE BOLKI VO GRBOT I POTESKOTIITE SO DISENJE OD KADE DOAGAAT!!!!!!!Sto mi e ?I kade da se obratam za da moze da se vosposstavi dijagnozata!!!!!!
Fala odnapred <3
Кориснички аватар
Мислења: 198
Зачленет: 20 Фев 2013, 18:05
Локација: Тетово
Мислење: 31 Дек 2013, 02:08
Здраво ,
Атипична пневмонија претставува интерстициска пневмонија која е предизвикана исто од инфективни микроорганизми , но се нарекува атипична поради фактот дека се карактеризира со симптоми различни од симптомите при класична бактериска инфекција , па поарди тоа можеш да заклучиш зошто оваа пневмонија кај тебе била случајно откриена , без многу тешки симптоми.
Најважен предизвикувач на оваа пневмонија е Микоплазма пнеумоние , додека може да биде предизвикана и од други бактерии како Хламидија пситачи , Коксиела бурнети , а најчесто е предизвикана од Хламидија пневмоние. Легионелата и некој други Грам негативни бактерии исто така клинички се манифестираат како атипични пневмониее па и се третираат како такви.
И некои респираторни вируси може да бидат причинители на атипична пневмонија , како што се респираторниот синцициски вирус , аденовируси , инфлуенца тип А , а во поретки случаи и ханта вирусите.
Овој вид на пневмонија за разлика од типичните пневмонии се разликува по повеќе фактори , како што се:
1. постепен почеток
2. ретко доведува до треска/студ , и доколку се јавува не е изразен толку како кај типичните
3. температурата е просечно субфебрилна или пак може да биде благо покачена , 38-38.5 степени
4. дава градна болка која може да биде презентирана како бодежи , но во голем број случаи таа е ретка па дури и отсутна
5. кашлицата е сува пролонгирана и тешка
6. аускултаторниот наод е дискретен со бронхитични суви и стругави хркулки
7. крвната слика покажува благо зголемување на леукоцитите кои се во граница од ~15.000/мм3
8.хемокултурата најчесто е стерилна
9. спутумот има банална полиморфна флора

За дијагноза на твојата состојба најдобро е да се обратите на клиниката за инфективни болести - Скопје кај Проф.Др.Кондова , специјалист за респираторни инфекции , која истата е и автор на книга токму посветена на овие заболувања , па доколку неможе да ти помогне незнам кој друг би можел во таа ситуација.
Се најдобро.
Др.Живорад Коцевски

Мислења: 2
Зачленет: 29 Јун 2015, 15:03
Мислење: 29 Јун 2015, 15:22
Здраво
Симптоми почнав да чувствувам од крајот на април: првично ми се појави отежнато дишење (чувство на грутка во долниот дел на грлото што не поминува, под адамовот јаболко) , тахикардија, вознемиреност, црвенило и осип под едното око, конјуктивит на другото око, болки во зглобовите на нозете (како реума). Пиев зиртек три дена и ми се ублажија симптомите. Во меѓувреме не бев во земјата и таму речиси и да ги немав симптомите. Меѓутоа кога се вратив во Скопје продолжи гушењето и чувството на грутка во грлото, а осипот под окото повторно ми се појави (мачкав адвантан неколку дена и ми помина, меѓутоа за кратко повторно ми се појави). Тахикардијата ми помина но, почнав суво да поткашлувам. Направив ЕКГ (во ред), испитав тироидна жлезда (ок беше и ехото и хормоните), испитав алергија во медицина на трудот (не сум на ништо алергична), крвна слика (ок). На крајот алергологот ме прати да направам пнеумослајд на клиника и излезе позитивно на Микоплазма пнеумона. Веднаш ми препишаа три дози антибиотик: една кларитромицин и две дози сумамед. Меѓутоа еве веќе има една недела како престанав со антибиотик и нелагодното чувство во грлото уште го осеќам, а и благото поткашлување остана (како да имам нешто во грлото што не можам да го искашлам). Дали и после толку антибиотици има шанси уште да ја имам бактеријата (ми рекоа дека сега не можам да испитам, тек во октомври, до тогаш што би правела????) или овие симптоми укажуваат на нешто друго. Ве молам за одговор бидејќи ме фати паника што може да биде и да трае волку долго. Поздрав и фала однапред на одговорот

Мислења: 2
Зачленет: 29 Јун 2015, 15:03
Мислење: 29 Јун 2015, 15:31
Заборавив погоре да пишам и дека осипот под окото сеуште го имам. Во моментот го мачкам со хидрокортизон меѓутоа не поминува. Ве молам за мислење.


Врати се на Лекување

Кој е онлајн

Корисници на овој форум: Нерегистрирани корисници и 0 гости